Апелацискиот суд во Луксембург донесе одлука во корист на ФИБА во случајот околу договор за соработка со Евролигата.
Судот, со тоа, само ја потврди првостепената одлука и ја отфрли жалбата на Евролигата која побара од ФИБА да и плати 900.000 евра плус камати, но и судски трошоци од 2.000 евра.
Евролигата се жалеше на календарот на ФИБА што беше донесен во 2012 година, а стапи во сила во 2017 година, бидејќи организацијата со седиште во Барселона смета дека се крши договор на две страни.
ФИБА и УЛЕБ во 2004 година потпишаа договор за регулирање на европските натпреварувања. Шест години подоцна, Евролигата ги презеде обврските од УЛЕБ и исплаќаше годишен надомест на ФИБА во износ од 400.000 евра. Меѓутоа во 2012 година сакаше да го раскине договорот, повикувајќу се на ненајавени промени во календарот на ФИБА.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.