Феноменалните партии на Лука Дончиќ и Никола Јокиќ ја одбележаа изминатата ноќ во НБА лигата. Словенецот стигна до нов трипл-дабл учинок во победата на неговиот Далас Mаверикс над Чикаго Булс од 118-110. Дончиќ мечот го заврши со 38 поени, 11 скока и 10 асистенции.
Српскиот кошаркар Никола Јокиќ во победата на Денвер нагости кај Атланта од 115-123, постигна 47 поени што е негов рекорден учинок во најсилната кошаркарска лига во светот. Одличен кај Нагетс беше и Бартон кој натпреварот го заврши со 28 поени.
Резултати НБА: Филаделфија – Оклахома 120-113, Шарлот – Индијана 104-115, Вашингтон – Бостон 99-94, Орландо – Бруклин 101-89, Атланта – Денвер 115-123, Њу Орлеанс – Јута 126-128, Сан Антонио – Милвоки 126-104 и Далас – Чикаго 118-110.
извор: Екипа
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.