Центарот на Милвоки бакс, Брук Лопез, одигра одличен натпревар со што му помогна на својот тим да поведе со 3:2 во победи против Атланта хоукс во финалето на Источната конференција во НБА лигата. Натпреварот заврши со резултат од 123:112 за Милвоки, а во него отсуствуваа главните ѕвезди во двата тима, Јанис Антетокумпо кај Милвоки и Тре Јанг кај Атланта.
Лопез постигна личен рекорд во еден плејоф натпревар постигнувајќи 33 поени. За 38 минути на теренот, Лопез погоди 14 од 18 шутови од поле, на што додаде и седум скокови, четири блокади и две украдени украдени топки.
Покрај Лопез, одлични партии имаа и Крис Мидлтон (26 поени, 13 скокови, 8 асистенции), Џру Холидеј (25 поени, 13 асстенции, 6 скокови) и Боби Портис (22 поени, 8 скокови).
Кај Атланта, најдобар беше Богдан Богдановиќ, кој постигна 28 поени, Џон Колинс реализира 19, а Лу Вилијамс 17 поени.
По овој триумф, на Милвоки му е потребна уште една победа за да избори учество во финалната серија.
Прв финалист во големото финале на НБА-лигата е Феникс санс.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.