Екипата на Феникс санс славеше на гостувањето во Минесота со 99:96 со што дојде до деветтата победа по ред. За ланскиот финалист, кој регуларниот дел од сезоната го заврши со втор најдобар скор во лигата, оваа победничка серија е најдолга низа триумфи уште од 2010 година. Тогаш „сонцата“ остварија 10 победи по ред во периодот од 14 март до 2 април 20210 година.

И двете екипи на овој натпревар играа со голем број грешки и утнати шутеви во првите три четвртини по кои резултатот беше 66:62 за Феникс. Затоа, пак, во четвртиот период се разиграа и и двата тима па само резултатот во последната четвртина гласеше 34:33 за Минесота.

Особено добро во овој период одиграа главните ѕвезди на Феникс, Крис Пол и Девин Букјер, кои постигнаа 19 и девет поени во само во последната четвртина. Букер мечот го заврши со 29 поени, Пол постигна 21, а одлично одигра и Деандре Ејтон, кој по пропуштени шет натпревари се врати со 22 поени и 12 скокови.

Кај Минесота, најдобри беа Карл-Ентони Таунс со 35 поени и 13 скокови и Дианџело Расел кој постигна 22 поени.

Резултати од останатите натпревари:

Кливленд – Бостон  92:98

Детроит – Сакраменто  107:129

Вашингтон – Њу Орлеанс  105:100

Атланта – Орландо 129:111

Њујорк – Индијана  92:84

Далас – Денвер  111:101

Мемфис – Хјустон  136:102

Оклахома – Мајами  90:103

Портланд – Торонто  118:113

ЛА Лејкерс – Чикаго  103:121

 

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.