Феникс санс на домашен терен го совлада Милвоки бакс со 118:105 во првиот натпревар од големото финале во НБА-лигата.
Тимот од Аризона беше предводен своите три ѕвезди, Крис Пол (32 поена, 9 асистенции), Девин Букер (27 поени) и Деандре Ејтон (22 поени, 19 скокови) и поведе со 1-0 во серијата до четири победи.
Во Милвоки, се врати Јанис Антетокумпо, кој поради повреда на коленото ги пропушти претходните две средби на неговиот тим и мечот го заврши со 20 поени и 17 скока. Најефикасен во поразената екипа бее Крис Мидлтон со 29 поени.
Следниот натпревар, повторно во Феникс ќе се игра на 9 јули.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.