ФБИ го истражува местото на несреќата каде се урна хеликоптерот со НБА ѕвездата Коби Брајант, неговата ќерка и уште седум лица, изјави официјален претставник на Бирото.

Тој за „Си-ен-ен“ изјави дека екипата на ФБИ за собирање докази се наоѓа на местото на несреќата и дека им помага на локалните власти во истрагата.

Како што се наведува, временските услови во моментот на летот не ги исполнувале минималните стандарди за летање заради маглата, изјави портпаролот на службата Џош Рубинштајн.

Тој додаде дека, кога има такви услови, на хеликоптерите не им се дозволува да летаат.

Не летавме во неделата наутро заради времето, рекол Рубинштајн.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.