Повратникот во македонската кошаркарска репрезентација Кирил Николовски е подготвен да даде максимум во дресот со националниот грб доколку добие шанса од селекторот Драган Бајиќ.

„Црвено-жолтите“ во ноемврискиот ФИБА „прозорец“ во квалификациите за Светскиот куп 2003 ќе се сретне со Шпанија и Украина.

Последен настап на Николовски за македонската репрезентација му беше пред четири години на гостински терен во Талин, против Естонија?

– Веројатно тој период ќе беше и пократок, но летоска поради приватни обврски морав да го одбијам повикот да се вратам во националниот тим. Јас отсекогаш сум стоел на располагање кога е во прашање играњето за репрезентацијата. Па еве ме тука на првиот тренинг во „Јане Сандански“, изјави вели искусниот кошаркар за веб-страницата на КФСМ.

За дуелот со Шпанија Николовски вели: „Свесни сме за тоа, огромен предизвик за сите нас кои се собравме тука, е да се обидеме да дадеме максимум од своите можности. До каде ќе нè доведе тоа во еден ваков натпревар, ќе видиме. Имаме неколку дена за одработување. Реално, и искрено посакувам да се „потрошиме“, да одиме до крајот. Да видиме колку навистина сме подготвени да играме против најдобрата европска репрезентација во овој момент“.

Шпанија ќе гостува во Скопје на 26 ноември во Спортскиот центар „Јане Сандански“ со почеток од 19:30 часот



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.