Во шпанското дерби од 24-тата рунда на Евролигата, Барселона го порази шампионот од минатата сезона, Реал Мадрид со 77-70. Каталонците остварија четврта победа по ред и се петти во пласманот со 15-9, додека Реал е трет во 18-6.
Пред почетокот на натпреварот, му беше оддадена чест на легендата на клубот, Хуан Карлос Наваро, кој играше за Барселона oд1997 до 2018 година. На специјалната церемонија, беше повлечен дресот со бр.11, кој Наваро го носеше кај Каталонците.
За победниците најпрецизен беше Тома Јуртел со 17 поени и 10 асистенции, а Анте Томиќ додаде 22 поени и 13 скокови.
За Реал Руди Фернандез постигна 15 поени, а Ентони Рандолф додаде 12.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.