Турскиот кошаркар на НБА тимот, Бостон Селтикс, Енес Кантер, кој е роден во Швајцарија, доби американско државјанство.
При добивањето државјанство, Кантер си го смени и името, на кое му го додаде зборот „Фридом“ (Freedom – слобода), што му беше одобрено од американскиот суд.
По ваквата промена, кошаркарот на Бостон отсега ќе настапува под презимето Фридом, a Кантер ќе биде неговото средно име.
Кантер е активен на полето за заштита на човековите права и жесток критичар на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, поради што властите во Анкара во 2017 година му го одзедоа пасошот и го оставија Кантер без државјанство.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.