Емил Рајковиќ стана нов главен тренер на рускиот клуб Автодор од Саратов. Во стручниот штаб на 42-годишниот македонски кошаркарски стручњак ќе бидат и Марко Величковиќ и Владислав Коновалов.

Последните три сезони, Рајковиќ ја предводеше казахстанска „Астана“. На крајот на шампионатот 2018/19, овој клуб го постигна најголемиот резултат во историјата – 6. место во ВТБ-лигата, со 57,7% победи. Во исто време, Рајковиќ ја доби наградата за тренер на годината во ВТБ-лигата.

За три години работа во „Астана“, Рајковиќ три пати стана шампион на Казахстан и трипати беше прогласен за „најдобар тренер“ во земјата. Во сезоната 2020/21, тој стана и селектор на репрезентацијата на Казахстан.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.