Екипата на Хјустон рокетс ја прекина низата од 20 порази и славеше против Торонто со 117:99.
За кошаркарите на Хјустон тоа е прва победа од 4 февруари 2021 година, со што ја прекинаа најдолгата низа на порази сезонава во НБА лигата.
Најзаслужен за триумфот на Хјустон беше Џон Вол, кој со 19 поени, 11 скока и 10 асистенции го реализира осмиот „трипл-дабл“ во кариерата.
Голема поддршка за триумфот, Вол имаше и од своите соиграчи ЏаШон тејт со 22, Стерлинг Браун со 20 и Кристијан Вуд со 19 поени.
Во редовите на Торонто, за кого ова беше деветти пораз во серија, најефикасен беше Фред ВанФлит кој натпреварот го заврши со 27 поени.
Резултати од останатите натпревари:
Кливленд – Сакраменто 105:119
Минесота – Оклахома сити 103:112
Сан Антонио – Шарлот 97:100
Чикаго – Јута 95:120
Милвоки – Индијана 140:113
Мемфис – Бостон 132:126 (продолжение)
ЛА Клиперс – Атланта 119:110
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.