Центарот на Филаделфија, Џоел Ембид, одигра неверојатен натпревар против Мајами и го однесе својот тим до победа од 137:134 по едно продолжение.
Ембид мечот го заврши со 45 поени, 16 скокови, пет украдени топки, четири асистенции и една блокада, а на три секунди до крајот на регуларниот дел го постигна и кошот што го однесе дуелот во продолжение.
За да ја поведе Филаделфија до триумф, Ембид имаше голема помош и од Дени Грин, кој средбата ја заврши со учинок од 29 поени, 10 скокови, шест асистенции и по две блокади и украдени топки.
Самиот натпревар имаше прилично неизвесен тек, во кој Филаделфија испушти двоцифрена предност во четвртата четвртина, по што се врати по дефицит од пет поени во последните 30 секунди за да се избори за продолжение.
Таквиот исход беше трагичен за Мајами, кој поради Ковид протоколи настапи без практично целата прва петорка во која недостасуваа Џими Батлер, Горан Драгиќ, Бам Адебајо…
Но, и во такви услови пет кошаркари на Мајами имаа двоцифрен учинок, меѓу кои најефикасни беа тајлер Хироу со 34, Данкан Робинсон со 26 и Гејб Винсент со 24 поени. Одличен натпревар одигра и дебитантот Прешес Ачува кој имаша дабл-дабл од 17 поени и 13 скокови.
Резултати од синоќешните натпреари:
Филаделфија – Мајами 137:134 (прод.)
Бруклин – Денвер 122:116
Кливленд – Јута 87:117
Хјустон – ЛА Лејкерс 100:117
Оклахома Сити – Сан Антонио 102:112
Голден Стејт – Индијана 95:104
Чикаго – Бостон (одложен)
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.