НБА-лигашот Детроит преку својот Твитер профил објави дека постигнале договор со кошаркарот Џо Џонсон. Триесет и осумгодишниот Американец се приклучи на клубот како слободен агент.
За потсетување, Џонсон е седумкратен учесник на „Ол стар“ натпреварите во најсилната светска кошаркарска лига.
Во својата богата НБА кариера, Џонсон има настапувано за екипите на Хјустон, Јута, Мајами, Бруклин, Атланта, Феникс и Бостон.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.