Ѕвездата на Бостон селтикс, Џејлен Браун, се врати на теренот по осум пропуштени натпревари поради повреда на тетивата на десната нога. На дуелот против Хјустон, Браун беше дел од почетната петорка на домаќинот и за 23 минути реализира 19 поени (6 од 13 од поле) и три скока за победа на „зелените“ со 108:90.

Џејсон тејтум беше најефикасен на средбата со 30 поени, што за него е четврти натпревар по ред во кој ја надминува триесетката.

За Бостон ова беше трета победа по ред и осма во последните 11 натпревари.

Затоа, пак, Хјустон го забележа петнаесеттиот пораз во низа, што не зачудува со оглед на тоа што на оваа средба само двајца кошаркари постигнаа двоцифрен број поени. Влегувајќи во игра од клупата, Армони Брукс постигна 17, додека Кенион Мартин џуниор реализира 10 поени.

Резултати на останатите натпревари:

Кливленд – Бруклин  112:117

Вашингтон – Шарлот  103:109

Атланта – Оклахома  113:101

Чикаго – Индијана  77:109

Милвоки – Орландо  123:92

Њу Орлеанс – Минесота  96:110

Сан Антонио – Феникс  111:115

Јута – Мемфис  118:119

Сакраменто – Филаделфија  94:102

 

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.