Славниот американски кошаркар, Карим Абдул-Џабар на аукција ќе понуди четири свои шампионски прстени. Најдобриот стрелец во историјата на НБА лигата собира пари за својата фондација, а средствата ќе бидат искористени за хуманитарни цели.
Легендарниот центар шест пати ја освојувал шампионската титула, еднаш со Милвоки Бакс во 1971 година и пет пати со ЛА Лејкерс (1980, 1982, 1885, 1987, 1988). Тој на аукција ќе стави четири од шесте шампионски прстени.
На аукцијата ќе бидат понудени уште стотина негови предмети (дресови, патики, униформи…). Собраните пари ќе бидат проследени во неговата фондација „Скајхук“, со цел да се помогне во образованието на децата. Исто така аукциската куќа „Голд“, која го организира наддавањето, ќе понуди и потпишана топка со која Абдул-Џабар, во 1989 година, го одиграл својот последен меч.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.