Кошаркарот Двајт Хауард потпиша договор со ЛА Лејкерс, објави на официјалната веб-страница клубот од Лос Анџелес. Услови во договорот не се обелоденети.
Според извештаите на медиумите, играчот сам си го платил обештетувањето од 2,6 милиони долари за предвремен прекин на соработката со Мемфис.
Хауард играше за Лејкерс во сезоната 2012/13. 33-годишниот играч одигра девет натпревари минатата сезона и оствари просек од 12,8 поени и 9,2 скока. Тој пропушти значаен дел од сезоната поради повреда.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.