Кевин Дурант постигна, сезонава рекордни во НБА, 51 поен за победа на Бруклин против Детроит со 116:104.
Таквата партија на Дурант, кој постигна барем по 10 поени во секоја четвртина, беше неопходна со оглед на тоа што Детроит водеше со 91:86 по три четвртини. Сепак, Дурант постигна седум поени во серијата од 11:0 со којашто Бруклин ја отвори четвртата четвртина и ја доби со резултат 30:13.
За Бруклин, во чии редови не настапи Џејмс Харден, Пети Милс со 18 постигнати поени беше втор стрелец во тимот.
Првиот пик на овогодинешниот драфт, Кејд Канингхем беше најефикасен кај Детроит со 26 поени, додека Френк Џексон додаде 25 за најслабата екипа во Источната конференција, која го забележа 12-от пораз по ред.
Резултати од останатите натпревари:
Њујорк – Милвоки 97:112
Оклахома – Далас 84:103
Сан Антонио – Њу Орлеанс 112:97
Портланд – Минесота 111:116
ЛА Лејкерс – Орландо 106:94
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.