Иако беше без седум свои сограчи, кои отсуствуваат поради Ковид и здравствени протоколи, Кевин Дурант успеа да го предводи Бруклин до победа против Филаделфија со 114:105.
Дурант постигна 34 поени, меѓу кои најважни беа четирите од една акција (тројка плус дополнително слободно фрлање) на минута и 46 секунди до крајот, на кои додаде и 11 скокови и осум асистенции. На тој начин, Дурант продолжи „да го влече тимот напред“, со оглед на тоа што во претходните две средби имаше учинок од 51 поен, девет асистенции, седум скокови и 34 поени, 13 скокови и 11 асистенции.
За Бруклин ова е четврта победа по ред со што се зацврсти на првото место во Источната конференција.
Џоел Ембид реализира 32 поени, девет скокови и шест асистенции за Филаделфија, која го забележа третиот пораз во низа.
Резултати на останатите натпревари:
Индијана – Детроит 122:113
Хјустон – Њујорк 103:116
Феникс – Вашингтон 118:98
Торонто – Чикаго (одложена)
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.