Ѕвездите на Лос Анџелес лејкерс, Леброн Џејмс и Ентони Дејвис нема да играат за тимот на САД на Олимписките игри во Токио.

Двајцата ќе ги пропуштат Игрите поради тешката сезона со многу повреди.

Како што објави новинарот на „Атлетик“, Џо Вардон, неизвесно е и повикувањето во тимот на Стеф Кари (Голден Стејт вориорс) и Дејмиан Лилард (Портланд блејзерс). Кари и Лилард сакаат да учествуваат на турнирот, но тие сè уште не се 100 проценти решени.

Олимписките игри во Токио ќе почнат на 23 јули. По традиција САД се апсолутни фаворити за златниот медал на кошаркарскиот турнир.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.