Откако поради истегнување на коленото ги пропушти трите последни натпревари, Лука Дончиќ се врати на паркетот и го предводеше својот Далас маверикс до победа на гости против ЛА Клиперс со 112:104.
Кошаркарите на Далас, иако беа во игра на сите три средби без Дончиќ, ги загубија сите, негативна серија, којашто веднаш се промени по враќањето на словенечкиот кошаркарски гениј.
Лука беше на чекор до трипл-дабл и мечот го заврши со учинок од 26 поени, девет скокови и девет асистенции. Одлична поддршка имаше од Кристапс Порзингис, кој натпреварот го заврши со 30 поени и седум скокови.
Кај Клиперси, најефикасни беа Реџи Џексон со 31 поен и 10 скокови и Пол Џорџ, кој средбата ја заврши со 26 поени, девет скокови и шест асистенции.
Резултати во останатите натпревари:
Детроит – Мајами 92:100
Њујорк – ЛА Лејкерс 106:100
Портланд – Денвер 119:100
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.