На Светското првенство во кошарка во Кина денес стартува елиминациската фаза. По завршувањето на двете групни рунди, меѓу осумте најдобри од фаворитите ги нема Грција, Русија и Литванија, а пријатно изненадија Полска и Чешка.
Четвртфиналето ќе почне во 13 часот со средбата Аргентина – Србија. На вториот денешен дуел, од 15 часот ќе играат Шпанија – Полска.
Другите две четвртфинални пресметки се закажани за утре. Во нив ќе се соочат САД – Франција и Австралија – Чешка.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.