Вечните ривали МЗТ Скопје Аеродром и Работнички ќе играат во финалето на кошаркарскиот куп „Благоја Георгиевски – Буштур 2021“.
Ова е епилогот по вчерашните полуфинални средби во кои МЗТ го победи Навико ФМП Академија со 92:72, додека Работнички во многу понеизвесен натпревар славеше над Еуро Никел со 85:79.
За тимот од Аеродром денешното финале ќе биде 14 во купот во обид да дојде до десеттиот трофеј.
Работнички по 16-ти пат ќе се бори за куп-трофејот во обид по 11.пат да го освојат трофејот.
Финалето е закажано во 17:30 часот во СРЦ „Кале“ во Скопје
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.