Најпријатното изненадување во кошаркарската елита, тимот на ТФТ, веќе на големо се подготвува за следната сезона, поради што не изненадува информацијата дека составот од скопската населба Тафталиџе и следната сезона ќе биде дел од Балканската лига (БИБЛ).

Популарната „Тафта“ се пласира во втората фаза во дебитантскиот настап во регионалното натпреварување, а како доказ за добрите игри е и фактот што за МВП на сезоната беше избран кошаркар на овој тим – Тајрон Херис. Македонскиот тим е вториот што го потврди настапот за следната сезона во БИБЛ, по израелскиот Ирони Нахарија.

Управата на ТФТ веќе го има и речиси комплетирано тимот за следната сезона, со оглед на продолжените договори со Иван Сапунџиев, Ландриус Хортон, Брендон Бејли и Амир Смит, како и ангажманот на Американецот Еј-Џеј Џон и на доскорешниот вардарец, Виктор Ташовски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.