Црногорскиот центар Никола Вучевиќ имаше учинок од 30 поени и 13 скокови, но тоа не беше доволно за Орландо меџик да избегне пораз на домашен терен од Оклахома сити со резултат 108:99.

Освен Вучевиќ, двоцифрен број поени имаа и Теренс Рос (26), ААрон Гордон (15) и Маркел Фулц (12). Овој пораз за Орландо е втор по ред по перфектниот старт на сезоната со четири победи во низа.

Оклахома дојде до тримфот со прилично балансиран напад во кој шестмина постигнаа меѓу 12 и 19 поени.

Резултати на останатите натпревари:

Хјустон – Сакраменто  102:94

Индијана – Њујорк  102:106

Филаделфија – Шарлот  127:112

Атланта – Кливленд  91:96

Њу Орлеанс – Торонто  120:116

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.