Екипата на ЦСКА Москва е нов европски шампион во кошарка, откако вечерва во финалето од завршниот „Фајнал фор“ турнир во Виторија го победи Анадолу Ефес со 91-83. За ЦСКА, ова е четврти трофеј во Евролигата во новиот формат и осми наслов шампион на Европа.

Московјаните се искачија на кошаркарскиот трон во Европа во 1961, 1963, 1969, 1971, 2006, 2008, 2016 и 2019 година.

Повеќе шампионски трофеи во елитното натпреварување има само Реал Мадрид, вкупно 10 вклучително и титулата од минатата сезона.

Токму Реал го освои третото место на Ф4 турнирот во Виторија по денешната победа над Фенербахче со 94-75 во малото финале.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.