Екипата на Чикаго булс успеа да се врати по заостанување од 20 поени на почетокот од втората четвртина и да слави на гости кај Портланд трејлблејзерс со 111:108. Со овој триумф „биковите“ го изедначија својот скор на четири победи и исто толку порази.

Портланд го почна натпреварот со огормна ефикасност во нападот па првата четвртина ја завршија со 39 постигнати поени и осум погодени тројки. Сепак, во продолжението на средбата, кошаркарите на Чикаго го подигнаа нивото на нивната игра по што тројката на Зек Лавињ на 10 секунди до крајот и промашувањето на Кармело Ентони за израмнување беа клучните моменти за конечниот резултат.

коби Вајт со 21 поен предводеше седум кошаркари на Чикаго со двоцифрен учинок, додека кај Портланд најефикасни беа СЏ Мекколум со 26 и Демијан Лилард со 24 поени.

Резултати во останатите натпревари:

Бруклин – Јута  130:96

Мемфис – ЛА Лејкерс  92:94

Денвер – Минесота  123:116

ЛА Клуперс – Сан Антонио  113:116

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.