Кошаркарите на Бруклин ноќеска го совладаа Орландо меџик со 129:92. Нетс се во серија од осум победи. Ова е најдобриот резултат на клубот од 2006 година.
Бруклин, исто така го одигра својот 20. натпревар во тековната сезона со постигнати 120 или повеќе пени. Ова е повторување на клупскиот рекорд поставен во сезоната 2018/19.
За разлика од Бруклин, во „црна“ серија се влезени кошаркарите на Сакраменто кингс.
Тие ноќеска загубија од Њујорк со 140:121 и го запишаа деветтиот последователен пораз.
Резултати од останатите натпревари:
Филаделфија – Далас 111:97
Мемфис – ЛА Клиперс 122:94
Денвер – Вашингтон 110:112
Милвоки – Њу Орлеанс 129:125
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.