Екипата на Бруклин нетс се врати по заостанување од 24 поени кон крајот на првото полувреме и славеше на гостувањето против Феникс санс со 128:124. Тоа беше триумфално враќање на тренерот на Бруклин, Стив Неш, кој е еден од најдобрите играчи во историјата на Феникс.

Бруклин дојде до четвртата победа во низа и го имаше најголемиот победнички пресврт во едно полувреме од основањето на клубот во 1976 година.

Успехот е уште повпетлив поради фактот што на дуелот не играа две од трите најголеми ѕвезди на Бруклин. Кевин Дурант го пропушти дуелот поради повреда на препоните, додека Кајри Ирвинг не играше поради грчеви во грбот.

Лидер на „мрежичките“ во пресвртот беше Џејмс Харден, кој постигна 38 поени, меѓу кои и тројка на 31 секунда до крајот со која Бруклин дојде до своето прво водство на мечот (126:124), како и две слободни фрлања на 11,3 секунди со кои ја запечати победата.

За Феникс, чии кошаркари не псотигнаа ниту еден поен во последните 2,48 минути од натпреварот, овој пораз ја прекинува серијата од шет победи. За „сонцата“ Крис Пол реализира 29 поени, од кои 17 во четвртата четвртина, додека Девин Букер натпреварот го заврши со 22 поени.

Резултати од останатите натпревари:

Бостон – Денвер  112:99

Мемфис – Њу Орлеанс  113:144

Милвоки – Торонто  113:124

Минесота – ЛА Лејкерс  104:112

Оклахома Сити – Портланд  104:115

Детроит – Сан Антонио  (одложена)



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.