Бруклин нетс го декласира Милвоки бакс со 125:86 и поведе со 2:0 во победи во полуиналето од Источната конференција.

Бруклин во ниту еден момент од мечот не заостануваше во резултатот, а во еден момент имаше предност и од 49 поени разлика. Кошаркарите на Бруклин без никакви проблеми ја имаа контролата во натпреварот во кој постигнаа 21 тројка.

Кевин Дурант беше најпрецизен кај Бруклин со 32 постигнати поени, додека Кајри Ирвинг натпреварот го заврши со 22 поени. Во тимот на Милвоки, Јанис Антетокумпо имаше учинок со 18 поени и 11 скокови.

Во првиот натпревар од полуфиналет во Западната конференција, Феникс санс поведе против Денвер нагетс со 1:0 во победи откако на првиот натпревар славеше со 122:105. Денвер беше подобар тим во првото полувреме, а во третата четвртина имаше предност и од десет поени.

Сепак, „сонцата“ предводени од Крис Пол , се „разбудија“ и успеаја да направат пресврт. На почетокот од последната четвртина веќе имаа предност од 88:79 по што без проблеми дојдоа до победата.

Микал Бриџис со 23 поени беше најпрецизен кај Феникс, Крис Пол имаше дабл-дабл од 21 поен и 11 асистенции, Девин Букер постигна 21 поен, додека Деандре Ејтон оставри учинок од 20 поени и 10 скокови.

Во редовите на Денвер, Никола Јокиќ беше најефикасен со 22 поени и девет скокови.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.