Кошаркарот на Бруклин нетс, Џејмс Харден ќе го пропушти четвртиот натпревар од второто коло од плејофот во НБА-лигата против Милвоки, објави „ЕСПН“, повикувајќи се на главниот тренер на Нетс, Стив Неш.
Триесет и едногодишниот Американец продолжува да закрепнува од мускулна повреда, неговата состојба напредува. Така, Харден ќе пропушти трет последователен натпревар во серија против Бакс.
Бруклин води со 2-1 во серијата прв до четири победи. Четвртиот натпревар ќе се одржи вечер од 21 часот, домаќин ќе биде Милвоки
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.