Светот е потресен од веста дека легендарниот кошаркар Коби Брајант загина во хеликоптерска несреќа во Калифорнија. Неговите соиграчи, пријатели и навивачи се во шок и не можат да веруваат дека светот остана без Коби.
Што за него значела кошарката тој маестрално објаснил во краткиот анимиран филм „Драга кошарко“, за кој ја доби наградата на Американската филмска академија – Оскар, пред две години. Во тој филм тој излезе со детали од неговата богата кошаркарска кариера.

Брајант, кој е петкратен освојувач на НБА прстенот, е првиот кошаркар што освои Оскар.

Откако памтам, ги виткав чорапите на татко ми, правејќи ги топка и ги фрлав во корпа. Се заљубив во тебе”, вели тој на почетокот на филмот во кој и се обраќа на неа, односно на играта што обожавал да ја игра – кошарката. Таа љубов е толку длабока, се дадов цел, продолжува Брајант.

Тој во овој краток анимиран филм, открил дека се заљубува во кошарката на шестгодишна возраст, дека и го дал срцето и дека добил многу од неа. Тој исто така открил дека се чувствувал жив додека играл.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.