Со победата од 112-94 во првиот дуел од полуфиналето на Источната конференција против актуелниот шампион, Торонто репторс, екипата на Бостон селтикс најавија дека се сериозни кандидати за освојување на пехарот.
„Келтите“ доминираа од почеток до крај и во ниту еден момент од средбата не беа во резултатско заостанување. Шестмина кошаркари на Бостон постигнаа двоцифрен број поени, а најефикасни беа Маркус Смарт и Џејсон Тејтум со по 21 поен, а одлична партија имаше и Германецот Даниел Тајс со дабл-дабл од 13 поени и 15 скокови.
И во редовите на Торонто имаше шестмина со двоцифрен број поени, но најефикасниот меѓу нив, Кајл Лаури, постигна 17 поени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.