Легендарниот НБА кошаркар, Чарлс Баркли, изјави дека Меџик Џонсон и Лери Брд, се двајцата кошаркари кои се најзаслужни за менувањето на лигата кога се појавија во 1979 година.
Меџик Џонсон и Лери Бирд се двајцата најважни луѓе во историјата на НБА. Да не беа овие момци, НБА немаше да биде она што е денес – изјави Баркли.
Сепак, Баркли не го заборава ниту Мајкл Џордан, но смета дека Брд и Меџик го смениле имиџот и начинот на кој се игра во НБА.
Секако, Мајкл ја подигна лигата на следното ниво, но јас сум доволно стар за да се сетам на времетп пред Меџик и Лери да дојдат во НБА. Лигата беше премногу црна, имаше премногу наркотици, не беше профитабилна. Значи, кога станува збор за тоа кој ја создал лигата, тоа беа Лари Брд и Меџик Џонсон. И, сакав да направам нешто специјално за Меџик затоа што она што тој и Лари го направија за лигата е без зборови. Ви благодарам, не е доволно. Ги сакам и Леброн, Коби, Тим Данкан, Патрик Јуинг и сите други момци, но двете најважни личности се Меџик и Брд – истакна Баркли во ТВ шоуто на Џими Кимел.
Меџик Џонсон е легендарен играч на Лос Анџелес лејкерс од 80-те, додека Лари Брд е негов современик и „икона“ на Бостон селтикс.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.