Државната комисија за спречување корупција проценува дека треба да биде побарана одговорност од директорот на Јавното претпријатие за стопанисување со спортски објекти, Шпенди Хајредин за случајот „Кале“. На последната седница, Комисијата констатирала дека има сомневања за злоупотреба на службената положба и овластување и затоа покренува барање за одговорност за директорот до Владата, но ќе поднесе и иницијатива за кривична одговорност до јавното обвинителство.
„Во однос на постапувањето по предмет во врска со неправилности во работењето на директорот на ЈП за стопанисување со спортски објекти, ДКСК одлучи да поднесе иницијатива до Владата на Република Македонија за утврдување на одговорност на директорот.
Имајќи ја предвид содржината на добиените документи ДКСК оцени дека има елементи за основи за сомневање за злоупотреба на службената положба и овластување од страна на именуваниот директор за што до надлежното јавно обвинителство ќе поднесе иницијатива за кривична одговорност“ – стои во информацијата од ДКСК.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.