Пејачот на „Бијело Дугме“, Ален Исламовиќ, вели дека легендарниот македонски кошаркар Благоја Георгиевски кој трагично загина во тешка сообраќајна несреќа ноќта, не конзумирал алкохол таа вечер. Тој беше во негово друштво до 22.30 часот, по што се разделиле.
Буштур не пиеше алкохол вечерта. Ние пиевме шприцер, а тој пиеше кафе и минерална вода, така што сите приказни за некаков алкохолизам како причина за несреќата паѓаат во вода. Мене, онака човечки, ми падна на памет дека можеби му откажало срцето. Па си мислам, тој сигурно не ни возел брзо, нешто мора да му се случило за да ја изгуби контролата врз возењето. Како и да е, ова е една ужасна трагедија, изјави Исламовиќ за хрватскиот весник „Јутарњи лист“.
Тој со Буштур се познавал една година, а првпат се сретнале на средба кај градоначалникот на Скопје.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.