ФК Вардар го официјализираше првото засилување во зимскиот преоден рок. Бразилскиот интернационалец, Леовигилдо Жуниор Реис Родригез е нов фудбалер на „црвено-црните“.
Жуниор го стави потписот на договор кој е во траење на една година, со можност истиот да се продолжи на плус уште една. Тој дојде од екипата на Македонија Ѓорче Петров, има 23 години и игра на позицијата лев бек.
Среќен сум што станав дел од Вардар. Знам дека се работи за најдобриот клуб во Македонија, најтрофејниот тим и чест ми е што можам да играм во Вардар. Ќе дадам се од себе екипата да бележи добри резултати, да освојува бодови, и секако се надевам на освојување на шампионската титула уште оваа сезона, рече Жуниор.
Новиот фудбалер веќе е со екипата на подготовките во Аланија, Турција каде што настапи на првите два контролни натпревари. Бразилецот вели дека е одлично примен и очекува добри подготовки и успеси во пролетниот дел од сезоната.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.