Жозе Мурињо не чекаше долго за да најде нов ангажман откако пред два месеци доби отказ во Манчестер Јунајтед. Во овој случај, не станува збор за тренерск работа бидејќи „специјалниот“ нашол добро платена работа како стручен коментатор во телевизијата „Bein Sports“.

Дебито на новoто работно место Мурињо ќе го има утре, кога ќе биде стручен коментатор на натпреварот помеѓу Катар и Обединетите Арапски Емирати, што се игра во Купот на Азија.

Португалецот за овој ангажман од еден натпревар ќе заработува 67.000 евра. Интересно е тоа што Мурињо ќе мора да ги избегнува натпреварите на својот поранешен тим Манчестер Јунајтед, бидејќи кога го прифатил отказот и обесштетувањето, тој се согласил да не излегува со коментари за „црвените ѓаволи“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.