Манчестер Јунајтед денеска му врачи отказ на својот досегашен тренер, Жозе Мурињо неполни 48 часа по поразот на големото дерби од Ливерпул. Португалецот веќе подолго време беше критикуван од навивачите, но и од легендите на клубот.
Жозе Мурињо е отпуштен од функцијата менаџер на Манчестер јунајтед. Сакаме да му се заблагодариме на Жозе за работата во изминатиот период и да му посакаме многу среќа за во иднина. Нов стратег ќе биде именуван како привремено решение до крајот на оваа сезона, додека клубот изврши темелна потрага по нов перманентен тренер за наредната сезона, се вели во клупското соопштение на најтрофејниот англиски клуб.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.