Добиваме историска шанса за пласман на Светското првенство во фудбал!, објави премиерот Зоран Заев на својот Фејсбук профил, по повод историскиот пласман на македонската фудбалска репрезентација во баражот за СП во Катар 2022 година.

Тој им честита на нашите фудбалери „кои нѐ носат во бараж и кои ни ја пружија оваа радост“.

-Горди сме на овој успех! Одиме понатаму, македонските срца се со вас, напиша Заев.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.