И оваа недела се одложени се фудбалските натпревари во француската Лига 1 поради протестите на на жолтите елеци.

Дуелите помеѓу Ница – Сент Етјен и Нант-Монпелје, што требаше да се играат во петок и во сабота, се одложени за понатаму.

Натпреварите се одложуваат бидејќи полициските сили ќе бидат ангажирани на претстојните антивладини протести.

Во последниот круг, четири натпревари од највисокото ниво на францускиот фудбал мораа да бидат одложени.

Монпелје го зазема третото место во Лигата, а дури се со меч помалку од вториот во рангирањето – Лил. Сент Етјен и Ница се на шестото и седмото, додека Нант е рангиран на 13. место.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.