Македонскиот фудбалски репрезентативец, Елиф Елмас, вечерва е пред голем јубилеј, односно треба да го има својот 100-ти настап во дресот на Наполи. Наполи му гостува на Сасуоло со почеток од 20.45 часот.

Елмас премина во италијанскиот клуб пред две ипол години од Фенербахче. Тој досега има 73 настапи за Наполи во Серија А и постигнато четири гола и три асистенции.

Во Купот на Италија има девет настапи на кои постигна еден гол,а еден настап има и во италијанскиот Суперкуп. Во Европските натпреварувања, Елмас има 16 настапи, зачинети со два гола и една асистенција. Севкупно тоа се 99 настапи, шест голови и четири асистенции.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.