На млади фудбалери од Африка им било нудено за сума од околу 1000 евра можност да играат во Европа во пониските лиги.

Во целата скандалнозна шема за злоупотреба на податоци на поединци и на клубови се злоупотребени се Македонија ЃП и поранешниот тренер на овој клуб Александар Таневски, објави Дриблинг.мк.

Од Синдикатот на фудбалери на Македонија за порталот потврдуваат дека станува збор за развиен систем. Млади играчи се намамуваат да аплицираат за 1000 евра (250 веднаш и уште 750 евра во зависност од клубот по наводното пристигнување во Европа) иако се случува да завршат од една во во друга африканска земја.

Денес добивме информација од ФИФПРО дека некој го злоупотребува името и презимето на Александар Таневски. Во негово име се испратени дописи до играчи од Зимбабве и други африкански држави како покана за тестирање во клубот ФК Македонија Ѓорче Петров. Сакаме да ги информираме нашите играчи,сите клубови во Македонија,нашите тренери и менаџери добро да ги заштитат своите податоци и добро да внимаваат за да не биде злоупотребено нивното име и реноме во иднина – велат од синдикатот на фудбалери на Македонија.


Целиот текст на Дриблинг.мк



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.