Во трансфер кој изненади многумина, пред околу две недели Реал Мадрид го купи левиот бек Ферланд Менди од Лион за 50 мил. евра. Младиот дефанзивец зад себе имаше одлична сезона во Лион, но ретко кој ја знае неговата животна приказна.

Пред десет години Менди не можел воопшто да се движи. На само 11 години го загубл татко му, а само година подоцна му била дијагностицирана инфекција на колкот.

Докторите му рекле дека никогаш повеќе нема да може да игра фудбал, но Менди никогаш не се откажал. Рехабилитацијата траела долго, па тој повторно учел да оди и успеал да се врати на теренот.

На само 15 години имав операција на колкот и докторите ми рекоа дека никогаш повеќе нема да играм фудбал. Бев во инвалидска количка одредено време и поминав седум месеци во болница на рехабилитација. Учев повторно да одам, а сега сум во Реал Мадрид. Неверојатно…“, порачал Менди.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.