Драма пред полициската станица во Охрид каде попладнево се приведени повеќе лица од општината Дебрца.
Според информации на Алфа, се работи за жители на селото Волино од општина Дебрца, кои се однесени во полициска станица во Охрид затоа што скандирале против „преспанското“ име на земјата, а воедно и го истканувале знамето со сонцето од Кутлеш.
Од друга страна според МВР која го потврдува инцидентот, причината за инцидентите во Волино е судиска одлука на фудбалскиот натпревар. Имено откако судијата пресудил, една група незадоволни од пресудата тргнале физички да се пресметуваат. На ова реагирала полицијата, по што биле приведени неколку лица.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.