Италијанскиот прволигаш Милан потврди на својот официјален сајт дека новото засилување во нападот Оливие Жиру е позитивен на коронавирус.
Францускиот репрезентативец, како што е соопштено, самиот го извршил тестирањето во својот дом и во следните денови ќе остане во изолација.
Милан соопшти дека Жиру не бил во контакт со другите соиграчи од неделниот прволигашки натпревар против Каљари (4-1) на кој 34-годишниот Французин постигна два гола
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.