Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан се зарази со коронавирус, соопшти прес-службата на клубот.

Во моментов нема дополнителни информации за здравјето на францускиот фудбалски стручњак.

Најверојатно, Зидан ќе го пропушти натпреварот од 20. коло во Ла Лига против Алавес, што ќе се одржи в сабота на 23 јануари. Почетокот е во 21 часот.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.