Зинедин Зидан донирал два милиони евра за настраданите при пожарите во Алжир.

Како што објави „Shoot Africa“, францускиот тренер, кој има потекло токму од Алжир, ги донирал парите преку својата фондација, преку која често учествува во добротворни акции.

Во големите пожари што ја зафатија оваа северноафриканска држава, животите ги загубија над 70 луѓе, меѓу кои и околу 30 војници коишто учествуваа во борбите со огнените стихии.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.