Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан ги искажа своите впечатоци по првиот натпревар со Ливерпул во четвртфинале во Лигата на шампионите.
Реал победи со 3:1 и со два гола предност ќе оди на реваншот во Англија.
– Победата е добра, но севкупно, чувствата се измешани. Имавме одличен натпревар, но доживеавме тешкотии на почетокот на второто полувреме. Горд сум на секој играч. Но, реваншот е пред нас. Мило ми е што Винисиус постигна гол, му требаше. Тој е добар, му помага на тимот и добива поттик кога ќе постигне таков гол. Малку ќе уживаме во нашата победа, а потоа повторно на напорна работа. Знаеме дека претстои важен натпревар со Барселона во домашното првенство, а потоа и реваншот со Ливерпул, истакна Зидан.
Реал Мадрид на 10 април ја пречекува Барселона во дербито на шпанската Ла Лига. Реваншот со Ливерпул е закажан за 14 април
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.