Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан призна дека сака суперѕвездата на Барселона, Лионел Меси да остане во Ла Лига, откако се појавија информации дека Аргентинецот сака да ги напушти Каталонците.
Меси има договор до летото 2021 година, но според различни извори, шесткратниот освојувач на „Златната топка“ размислува за евентуална разделба со Барса. По средбата на „белите“ со Хетафе, во која победија момчињата на Зидан со 1:0, Французинот беше запрашан за овие шпекулации.
Не знам што ќе се случи, но се надевам дека нема да се случи, бидејќи тој е во овој шампионат и ние го сакаме најдоброто за Лигата, вели Зидан.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.