Реал Мадрид синоќа освои еден бод на гостувањето кај Леганес со што само уште еднаш потврди дека сака што побрзо да заврши оваа сезона. „Кралевите“ не блескаа и се изборија за реми од 1-1 со погодокот на Карим Бензема во втората полувреме.
Зидан не беше задоволен од прикажаната игра, а тоа јасно го потенцираше по последниот судиски свиреж.
Првото полувреме беше сиромашно, се подобривме по паузата. Ама во целина секој треба да биде подобар. Јас како тренер треба да бидам подобар, исто така и играчите. Знаеме дека нема ништо да освоиме во оваа сезона, а тоа носи свои предизвици, истакна Зидан кој не сакаше да открие детали за иднината на дел од играчите, но порача дека Реал повторно ќе биде сила следната кампања.
Тимот мора повторно да биде конкурентен следната сезона. Ќе бидеме многу подобри следната сезона, потенцираше Зизу.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.